Платата ,,расте”, џебот останува празен, а инфлацијата ја јаде вредноста на парите.
33720 денари просечна плата во февруари. За една година е раст од 13 проценти, но реалната плата е пониска за три процентни поени поради инфлацијата. Високата инфлација го изеде стандардот на граѓаните. Просечната плата не е доволна да ги задоволи просечните потреби на граѓаните, се вели во објавата од Демократи.
Во продолжение на истата од партијата додаваат:
Најголем дел од вработените земаат под просечната плата. Пример во преработувачката индустрија каде работат 130 илјади работници или 20 отсто работоспособното население, платите се од 21 илјада до 30 илјади денари.
Вработените во јавниот сектор се во слична ситуација, наместо процентуално добија линеарно зголемување, со кое платите им достигнаа до 23000 денари.
Додека работникот доби по две илјади денари, покачувањето на функционерите достигна по две илјади денари, ама на дневна основа!
Со 78 проценти секој функционер ќе добие од 600 до илјада евра покачување месечно!
Македонија со 550 евра просечна плата е земја со најниски плати во регионот. Просечна плата во Словенија е 1500 евра, во Хрватска 1100, во Србија 706 евра, во Црна Гора 760 евра, во Босна и Херцеговина 630 евра, во Македонија 550 евра и во Албанија 500 евра!
Овошјето и зеленчукот иако со замрзнати цени, ги нема во маркетите, а на пазарите е со астрономски цени, каде власта е неспособна и немоќна да ги регулира ценовните движења.
Граѓаните се оставени на алчноста на прекупците и накупците.
Кванташки пазар ја обликува цената на овошјето и зеленчикот, за што и самата Влада призна дека книжеше лажни фактури од кои прекупците ќареле по 250 до 300 отсто профити на сметка на осиромашените граѓани, кои според индексот на сиромаштија на Обединетите Нации над 450 илјади луѓе во Македонија живеат со еден долар на ден!
Додека власта се фали дека успешно се справува со енергетската криза, компаниите размислуваат да ја тужат поради енормно високите цени на електричната енергија на слободниот пазар, поради што и голем број на работници беа испуштени од работа!
Народот е истоштен и доведен во подредена ситуација, за да неможе да нема ни протест, штрајк, а камоли социјална револуција!
Синдикатите најавија масовни протести по први мај, ако ништо не се преземе за покачување на платите. Неопросливо и недозволиво е однесувањето на синдикатите кон граѓаните – работниците, во сопствената држава. Ќе држеле протест по први мај, а за работничките права треба да се протестира секојдневно 365 дена во годината! Додека функционерите си ги покачуваат платите во просек за 78 отсто, јадните синдикати се борат за мизерни две до три илјади денари покачување на платите на работниците!
Незадоволни сиромашни пензионери, незадоволни сиромашни професори, незадоволни сиромашни лекари, незадоволни сиромашни полицајци, кои своите права си ги бараат пред судовите, кои исправени пред фактите и доказите пресудуваат во корист на полицајците!
А што да мора полицаецот своите права за неисплатени прекувремени часови и дежурства да ги бара преку судски парници, поради што дополнително се изложува на стрест и трошоци!
Ако градењето е убав момент и асоцира на правење нова додатна вредност, кај нас тоа е забиено во црен вел, затоа сме бомбардирани со информации дека некој сака да ќари од и онака сиромашниот граѓански буџет!
Во неповолна ситуација се и земјоделците, чиј род од пченица 10 илјади тони стои во силосите, додека власта незапирливо увезува по цени повисоки од цените на домашниот пазар.
До кога ќе се омаловажува и потценува домашното производство?
До кога луѓето што произведуваат храна ќе бидат експлоатирани и осиромашувани од страна на властите и прекупците?
Нерегулирани социјални прашања за боледување и трудничко боледување за жените земјоделски!
Вака ли се стимулира наталитетот кој секојдневно го јаде белата чума која е неумолива и одамна го зема данокот. Имаме повеќе умрени и иселени, него новородени!
Луѓе, потребно е да се зборува за овие девијантни состојби во општеството, во кое граѓаните независно од верската, етничката, социјалната и политичка припадност се чуствуваат како потстанари во своите домови и држава!
Од домаќини станаа не домаќини, не можејќи нити да го исфарбаат она што им го оставиле нивните родители или го изградиле самите, земајќи неповолни кредити од банките, кои единствено печалат енормни профити, а кон кои со улога на должнички робови, граѓаните се заглавени со над три милијарди евра!
извор: ФБ Демократи