Осум деца, кои вчера отишле во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, не се вратиле од него, кога нивниот училишен другар тргнал во убиствен поход со два пиштола што ги зел од сефот на неговиот татко.
Србија и целиот регион се уште се во шок поради злосторството на Коста К., кој застрела осум ученици, седум девојчиња и едно момче, како и маж кој работел како обезбедување во училиштето. Убиецот ранил и наставник и шест ученици, од кои двајца се уште се во тешка состојба.
„Знаев дека се чувствува отфрлено, но ништо не забележав“. Ова на рочиштето го изјави таткото на момчето кое го изврши масакрот во Врачар.
nova.rs