(ФОТО) Поранешниот одбојкар Кобиљски денеска го презеде ранецот од убиената ќерка во училиштето

Поранешниот одбојкар Драган Кобиљски денеска го презеде ранецот и тетратката на 14-годишната ќерка Е.К., која беше убиена во пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Како што јавуваат српските медиуми, таткото потоа залепил умреница на вратата од училиштето.

Претходно, тој и неговата сопруга дојдоа пред училиштето каде бројни граѓани палеа свеќи и оставаа цвеќе во спомен на жртвите.

 

kurir.mk