Пријавени за изгубени две малолетни девојчиња, дошле на екскурзија во Скопје

Денеска во 15 50 часот во Скопје изгубени се две девојчиња, А.Ј. (12) и Р. И. (14). Според информации на А1он, двете девојчиња биле дојдени во Скопје на училишна екскурзија од Босилево, Струмица. Автобусите ги чекале подолго време да стигнат за враќање назад, но нив ги немало по што наставниците ја алармирале полицијата.

Интензивно се трага по двете малолетнички, а на социјалните медиуми се споделува и нивната фотографија од надзорните камери во Скопје кога се упатиле кон центарот на градот по што никој не знае што се случило. Нивните телефони се исклучени.

a1on.mk