Како раса, лабрадорите обожаваат вода и ја користат секоја прилика за да пливаат. Еден таков пример е овој пресладок лабрадор, кој се бања секаде каде што може. Штом ќе ја здогледа водата, тој веднаш почнува да трча кон неа и почнува да се капе.
„Ништо не може да го спречи“, вели неговиот сопственик за „The Dodo“.
Сопствениците на кучето веднаш ја воочиле неговата љубов кон водата. За време на едно нивно патување покрај езеро, тоа веднаш влегло во водата и почнало да плива и да нурка во длабочините на езерото.
Еден ден решиле да го однесат својот миленик во воден парк.
„Кога сите водни паркови се затворени, односно кога не се во сезона, имаат ден или два само за кучињата. И тој го сака тоа. Водата е чиста и може да види се што се случува. Кога му фрламе топка, тој веднаш ја лови и секогаш ја наоѓа“, вели сопственикот.
@thedodo The goodest boy 💛💛💛 #dogs #dogsoftiktok #swimmingdog @Maximilian ♬ original sound – The Dodo
24sata.hr