Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ истакна дека вчера на детската клиника за невропсихијатрија биле примени четири деца, бидејќи две имале идеја да се убијат, а две да убијат некого.
Децата почувствуваа дека нешто не е во ред, а исто така и родителите. Тие деца бараа да останат во болница и затоа ги повикувам сите родители, деца, кој има проблем да се јави на вистинскиот број. Се согласувам дека во училиштата треба да има полицајци, но тие не можат да го спречат стравот, ни требаат педагози и психолози да разговараме, рече министерката Грујичиќ.
Таа изјави дека животот мора да продолжи, а потоа побара од медиумите да ги остават надлежните како понатаму и кои се следните чекори во решавањето на овој проблем кој сите ги остави затечени.