Во црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица обновена фреска

0
114

Поради постојана изложеност на атмосферски влијанија видно беше оштетена фреската на надворешниот дел од фасадата на храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

Обновата на фреската доаѓа по иницијатива на свештенството при Светиот храм во Македонска Каменица и дадениот благослов од Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко.

Реставрацијата на фреската, од зографот Валентин беше започната на 2. Октомври о.г. Истата, со божја помош за само неколку денови беше успешено завршена.

Пресвета Богородица моли го Христа Бога за нас грешните.

 

 

kamenica.mk