Авионот на Ер Србија, евакуираше граѓани на Македонија, Црна Гора и Албанија од Израел!

Авионот на „Ер Србија“ денеска ги превезе државјаните на Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија од Израел во Скопје и Белград и на тој начин им помогна да се вратат дома од завојуваната земја.

На видеото се гледа дека авионот бил полн, а Душан Вујовиќ, конзул на српската амбасада во Израел, им посакал на сите патници да се видат во „подобри услови“.

– Драги пријатели, го натоваривме последниот патник. Ви посакувам се најдобро, убав пат. Ве поздравувам пред амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен. Прво летај за Скопје, па за Белград, чувај се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро уште еднаш – рече Вујовиќ, на што патниците одговорија со извици „Да живее Србија“.

Инаку, Владата на Северна Македонија вчера соопшти дека ќе ги сноси сите трошоци за летот.

– Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „Ер Србија“ за превоз на граѓаните кои побараа помош – се наведуваше вчера во официјалното соопштение на Владата на Северна Македонија.

Извор: 4news.mk