Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, која условува натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, ќе се задржи и во текот на оваа работна недела. Времето ќе биде сончево, повремено со појава на мала локална облачност.
Само во среда попладне ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во утринските часови пак по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, додека во југоисточните предели, особено денес и утре максималната температура ќе се искачи околу 26, 27 степени. Во Скопскиот регион ќе имаме слично време како и во останатиот дел од Македонија. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 26 степени.
Што се однесува до температурите наутро, тие до средината на неделава ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2 и 8 степени, а потоа постепено ќе опаѓаат, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.