Шаќири: Државна матура ќе се полага на 27. мај

И покрај штрајкот на Државниот испитен центар за покачување на платите на вработените и нивните изјави дека ќе доцни државната матура, а со тоа и резултатите на учениците, министерот за образование Јетон Шаќири вечерва со тотално спротивно тврдење во вестите на Сител ТВ. Шаќири уверува дека државната матура ќе се одржи на 27. мај.

Тој во централниот Дневник на Сител изјави дека ако е потребно и вработените од Министерството за образование и наука ќе бидат на располагање на Државниот испитен центар, се со цел да се реализира државната матура во предвидениот рок.

Извор: ТВ Сител