Со фотосесија го открија полот на бебето

Прекрасната поп-пејачка Антониа Гиговска со уникатна фотосесија која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, откри дека таа и нејзиниот сопруг Роберт ќе станат родители на машко дете.

Под фотографиите од семејната идила кои Антониа ги објави на својот Инстаграм профил, таа напиша:

„Пристигнува нашиот прекрасен капетан, едвај чекаме да те запознаеме“.
Инаку, Антониа минатата недела официјално стапи во брак со нејзиниот избраник Роберт Спасенцовски, во јавноста попознат како Џокер.

Тогаш Гиговска под убавите фотографии од венчавката напиша:

„30.4.2023. Официјално венчани“.

 

tocka.mk