Загрепските средношколци ги донесоа своите миленици на час: „Се чувствувам посмирено“

ВО ДЕНЕШНИОТ зафатен и стресен живот, развивањето емпатија и грижата за другите е една од најважните компоненти на растењето. Токму со оваа цел на ум едно загребско средно училиште го препозна позитивното влијание на домашните миленици врз психолошкиот развој на чувствителните средношколски деца и беше првото во Хрватска што го започна Денот на домашни миленици. На овогодинешното второ издание, учениците ги претставија своите четириножни другари со своите школски другари и заедно поминаа возбудлив ден исполнет со радост, позитивна енергија и учење како да им помагаме и да се грижиме за оние на кои им требаме.

„Моите кучиња Џина и Доли се најголемата промена во мојот живот. Откако ги имам, се чувствувам посмирено и посреќно. Гледам промена и кај моите домашни, како и кај мене. Тие се многу порелаксирани и посреќни и што е најважно , не се под голем стрес.Мислам дека моите кучиња се најдобрата одлука во животот и дека воопшто милениците се најдобри пријатели“, изјави студентката Медина, додека студентката Клара додаде: „Кипер донесе неопислива среќа во мојот живот. Го имаме преку 10 години и секој тан докажува дека е најдобар другар.Живееме со разни животни ама кучето е љубов па цело семејство одлично се сложува со него и не знаеш кој го сака повеќе .

Низ училишните ходници шетаа мешани раси, кокер шпаниели, булдози, померанци, малтези, териери, лабрадори и пријателски раси мачки. Пријателство, размена на искуства, нови пријателства куче-мачка заедно со позитивна енергија и меѓусебно зближување на учениците го одбележаа овој несекојдневен, за пофалба ден.

“Можеби сте забележале дека можете да изразите емоции повеќе кон животно отколку кон човек. Дали ова важи и за вас? За мене, сигурно е. Ништо не се споредува со радоста да се вратите дома кај лојален пријател. Милениците не прифаќаат какви што сме ние во сите нивни несовршености.Освен што ги хранат и ги шетаат тие немаат никакви очекувања од нас.Тие се кога е тешко и кога е убаво и малку очекуваат од нас.Не учат на трпение,толеранција и да се грижиме за некој што не сме ние самите.

 

index.hr