Две лица од Куманово допирале малолетничка по телото

Двајца мажи на возраст од 62 и 55 години физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото.

– На 12.05.2023 во 23.40 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С.(62) и Г.П.(55), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава според која околу 23.10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото, иноформира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово  целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

sitel.mk