Пронајден човечки труп по течението на реката Треска, кај село Вранештица

На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, пронајден е човечки труп.

Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Охрид