Ејми Локејн имаше голема слава, таа беше ѕвезда на популарната серија „Мерлоус Плејс“. Сепак, судбината ги измеша картите и си поигра со нејзиниот живот
Јавноста беше шокирана кога во 2010 година како бомба одекна веста дека актерката учествувала во сообраќајна несреќа во која загина 60-годишна жена.
Имено, актерката кобната вечер кога седнала зад воланот била во алкохолизирана состојба. Таа се движела со недозволена брзина, по што удрила во друг автомобил во кој била несреќната жена, која починала на лице место.
Кога и извадиле крвта, било откриено дека има три пати повеќе од дозволеното, иако тврдела дека испила четири чаши вино и пиво. Исто така, кога полицијата пристигнала на местото на судирот, русокосата актерка не била свесна што направила и цело време се смешкала.
По две години, актерката беше осудена за убиство од втор степен. Таа доби три години наместо пет, бидејќи немаше претходни “дамки“ во нејзино досие.
Набрзо беше поднесена жалба против ваквата пресуда, а Ејми беше осудена на осум години затвор во јули 2020 година. Со оглед на тоа дека таа веќе одлежала три, треба да одлежи уште пет.
kurir.mk