ВИДЕО: Жељко Митровиќ објави дека се укинува „Задруга“

Сопственикот на српската телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, ненајавено за првпат во живо влезе во куќата каде што се снима „Задруга“ и пред станарите и целата јавност објави дека ова ќе биде послената сезона на реалното шоу.

Пред големиот телевизиски аудиториум ќе зборуваме на начин кој треба да биде обврзувачки, но претходно ќе им оддадеме почит на загинатите и повредените со едноминутно молчење, го почна својот театрален говор Митровиќ и дополни: „Овој разговор ќе го водиме по следниот принцип: Јас ќе зборувам, вие ќе молчите. Секој упад или дофрлање ќе го сфатам како факт дека не ја разбирате сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.“

Тој најави дека во иднина ќе разговара со тим од луѓе и соработници за тоа дали „Пинк“ некогаш повторно ќе прикажува реални шоуа, адека за „Задруга“ ова е официјално последна сезона.

@numida_meleagris

#zadruga #željkomitrović #zeljkomitrovic #zadruga6 #zadruga__official #pinktv

♬ original sound – Biserka

 

видео: ТИК ТОК