Денес Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА

0
98

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

 

infomax.mk