(ФОТО) Даниел Кајмакоски го прослави првиот роденден од помалиот син

0
68

Второто дете на Даниел Кајмакоски наполни една година.

40-годишниот пејач сподели слатки фотографии од роденденот на Стефан. На нив, малото момче дува свеќичка на роденденски колач и си игра во домашна атмосфера. На една од фотографиите, Стефан мирно спие.

„Среќен роденден, големо момче“ – напиша Кајмакоски.

Стефан е син на Даниел од бракот со неговата сопруга Марина, со која се венча на почетокот од минатата година.

Тој има уште еден син од првиот брак со Кристина Димитријевска.

 

femina.mk