Дојави за бомби во три белградски училишта: На родителите им порачаа да не ги носат децата

На адресата на најмалку три белградски училишта утринава пристигна дојава за поставена бомба.

 

Како што дознава нашиот портал, едно од тие училишта е и ОУ „Васа Пелагиќ“ во Котеж.

 

„Тие во моментов проверуваат што се случува. Се уште ништо не ни е кажано дали да ги носиме децата на училиште или не, а наставата почнува за 20 минути“, вели за Нова.рс родител чии деца го посетуваат ова училиште.

 

Истата вест утрово стигна и на адресата на училиштето „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.

 

Како што пренесува Телеграф.рс, дојавата за бомба стигнала и во училиштето „Дринка Павловиќ“, каде родителите на децата кои посетуваат настава утрово добиле порака да не ги носат децата бидејќи имало дојава за бомба.

 

На терен е испратена контрадиверзантска екипа на МУП.

 

nova.rs