(ФОТО) Хрватска е во неволја поради обилните врнежи

Обилните врнежи од дожд и активирањето на одрони предизвикаа проблеми во сообраќајот во Крапино-загорската област, а водата го однесе и пешачкиот дрвен мост во Доња Стубица.

Според информациите од локалната управа за патишта, поради активирање на новоформираниот одрон во Глобочац, патниот правец меѓу Марија Бистрица и Загребската жупанија во должина од приближно 50 метри е затворен за секаков сообраќај, пренесува Хина.

Големо количество врнежи го однело дрвениот мост во Доња Стубица. Се работи за привремен дрвен пешачки мост што е привремено решение бидејќи на таа локација се гради нов мост.

Мештаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и информации од теренот. Според овие информации, дел од патот кој ги поврзува Андрашевац и Орославје е под вода и сообраќајот во моментов е во прекин.

Некои делови од Крапина имаат проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Како последица на силниот ветер неколку дрвја паднале и пукнале далноводи. Екипите на ХЕП се на терен и ги санираат дефектите.

 

nova.rs