Во Саудиска Арабија пристигнаа првата група аџии

Пристигнаа првата група аџии во Саудиска Арабија за овогодинешниот аџилак, потврди Министерството за аџилак и умра на земјата, пренесува Анадолу.

Министерството сподели фотографии од аџиите на својот твитер-профил.

Се очекува Саудиска Арабија за аџилакот оваа година да прими над 2 милиони аџии.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и е патување што секој возрасен муслиман мора да го направи барем еднаш во животот доколку има финансиски средства.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.