Полицијата ги проверувала камерите во Судскиот совет, по пријава на член кој се сомневал дека некој му влегува во канцеларијата и му претура по работите.
Претседателот на советот, Сашко Георгиев, денес пред новинарите потврди дека имало претрес.
„Не гледам проблем во целата ситуација. Не се криеме од таа состојба. Штом имаме такви сомнежи, редно е тоа да се испита“, рече Георгиев без да каже дали нешто било пронајдено.
Во врска со претставката за корупција против врховен судија и член на советот, Георгиев кажа дека било постапено, а истрагата сега е во рацете на Обвинителството. Архивирањето на постапката, а потоа препраќање во обвинителството е редовна процедура, додаде Георгиев.
фото: Архива