Денес пред нивното спомен обележје се собравме да го одбележиме денот посветен на извонредното епохално, просветителско дело на Сесловенските браќа Кирил и Методиј.
Распространивајќи го мислењето дека секој народ има право својата вера и култура да ги прима на својот мајчин јазик тие ја создадоа првата словенска азбука глаголицата која беше основа за создавање на кирилското писмо, напиша на својт ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Дарувајќи им знаење на своите ученици тие ја поставија основата за подигнување на Охридската книжевна школа којашто е етаблиран духовен центар со такви културолошки особености што до денес не успеал да ги стекне ниту еден друг универзитет.
Верувајќи во тоа дека во Светот има безброј зборови и дека сите тие имаат свое значење браќата Кирил и Методиј го направија цивилизацискиот чекор за Европа описменувајќи ги словенските народи, просветлувајќи ги и вадејќи ги од мракот, зошто еднаш просветлен ум повеќе никогаш не може да биде мрачен.
Во рамки на чествувањата претходно во Домот на култура “Св. Кирил и Методиј” – Кошишта, се одржа панихида и се положи свежо цвеќе пред нивниот Споменик каде се одржа и културно уметничка програма.
извор: ФБ Кирил Пецаков