Наставниците на протест против спојување на предметите

Просветните работници повторно го кренаа гласот и излегоа на улица. Незадоволни се од најавите за спојување на повеќе наставни предмети што би предизвикало губење на работни места, а за револтот да биде поголем се жалат и за ниските плати. На овој начин како што велат од Независниот синдикат за образование гласот го креваат оти сметаат дека им се нарушени работничките права, а достоинството и интегритетот им се погазени, објави Алфа.

Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални.Секој да биде соодветен за секој предмет да го предава тоа е исто како да ги испратиме хирурзите да гаснат пожар,пожарникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста.Вториот проблем е за почитување на колективните договори, јавнота мора да знае дека во образование наназад години не се почитуваат колективните договори – вели Томислав Гиевски, претседател на НСОН.

На протестот имаше и родители на ученици кои гласно прашаа – до кога власта ќе се игра со образованието на нивните деца.

Текстот во целост на: Алфа