Камион управуван од државјанин на Македонија синоќа се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.
Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот.
Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување.
Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција. Увидот е во тек.
МИА