Нобеловата награда за мир што минатата година ја доби рускиот новинар Дмитриј Муратов е продадена на аукција за рекордни 103,5 милиони долари. Целиот приход од продажбата ќе биде наменета за хуманитарниот одговор на УНИЦЕФ за украинските деца раселени од војната, објави Heritage Auctions, која ја спроведе продажбата со неидентификуван телефонски понудувач. Претходниот рекорд за медал за Нобеловата награда беше 4,76 милиони долари платен од понудувач во 2014 година за наградата освоена во 1962 година од Џејмс Вотсон, за ко-откривање на структурата на ДНК. Три години подоцна, семејството на неговиот соработник Френсис Крик, доби 2,27 милиони долари за неговиот медал. Муратов, кој помогна во основањето на независниот руски весник Новаја Газета, го стави на аукција својот медал за Нобеловата награда за да собере средства за да им помогне на милионите Украинци кои избегаа од земјата по инвазијата на Русија на 24 февруари.
Радио Слободна Европа