Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека на следните избори не е добро СДСМ да оди на една листа со албанските партии, и треба да биде самостојна.
Тој вели дека тоа ќе и одземе многу гласови на партијата.
„Албанските партии сите се проевропски, и може да се случи да бидат заедно БЕСА, Алијанса и ДУИ. Со СДСМ не дека не сме го разговарале, но мислам дека е подобро е да си оди сам, ако биде една европска коалиција, ќе и штети на СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со кампања за Албанците или Македонците. Нам не ни преставува проблем да одиме со иста листа ние Албанците, ако има отворени листи, коалицијата е многу полесна. Но мислам дека СДСМ во таков случај ќе загуби многу“, рече Таравари.