Али Ахмети во посета на семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за време на војната за независност на Косово.

„Денес го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, за да им дадам сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на УЧК. Правдата одложува, но не заборава“, напиша Ахмети на фејсбук.

Тој најави дека гордо ќе го пречекаат Тачи со пријателите кога ќе се врати, како што рече, како победник на правдата.

извор: ФБ Али Ахмети