Најмалку 50 лица загинаа, а 300 се хоспитализирани откако патнички воз излета од шините и се судри со товарен воз во индиската држава Одиша.
कोरोमंडल एक्सप्रेस हादसे में 50 लोगों की मौत से हाहाकार #TrainAccident #CoromandelExpress, #Odisha pic.twitter.com/xjgSBMFfIZ
— NBT Hindi News (@NavbharatTimes) June 2, 2023
Претставниците на Југоисточната железница, кои зборуваа под услов да останат анонимни, рекоа дека стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.
„На местото на несреќата во тек се спасувачки операции, а на настраданите им се пружа секаква можна помош“, изјави индискиот премиер Нарендра Моди, пренесе Ројтерс.
„Ова е тешка несреќа“, изјави главниот секретар на Западен Бенгал за новинарите.
Претставниците на Југоисточната железница, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем, но не го открија бројот на загинатите.
Возот „Коромандел експрес“ кој сообраќа од Калкута до Ченај, излета од шините и заврши на спротивната пруга, а многу луѓе сѐ уште се заробени, се вели во извештаите.