(ВИДЕО) Ракетен напад во близина на патеката во С.Арабија додека имало болиди на неа

0
269

Експлозија и огромен облак од чад се појавија во близина на тркачката патека во Џеда, каде што треба да се одржи трката од Светскиот шампионат во Формула 1 во Саудиска Арабија.

-Очекуваме повеќе информации од властите за тоа што се случи – соопшти управата на Формула 1.

Непосредно пред инцидентот, тркачите го одржаа првиот тренинг пред неделната втора трка од сезоната.