(ВИДЕО) МВР демантира дека полицијата не реагирала при инцидентот

МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.

Напротив, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.

За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации.

Во видеото во прилог точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент.

видео: МВР