Вечерва, на Преспа форумот во Струга, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и преку камерите кои го пренесуваа настанот во живо. Поради силниот ветер, видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот истрчаа да ѝ помогнат.
За среќа, Зенели не е повредена, но дебатата е привремено прекината.