Четвртата Парада на гордоста на 24. јуни под мотото „Гласни и горди“

0
118

Четвртата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд, годинава ќе се одржи на 24 јуни под мотото Гласни и горди!

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција посветена на овогодишното издание на Парадата на гордоста, кое ќе се одржи на 24 јуни 2023 година. Почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец”, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици според истата рута како и минатите години и ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

фото: Архива