Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1. 2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %.
Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13. 5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0. 7 %, Алкохолни пијалаци за 0. 1 %, Безалкохолни пијалаци за 0. 9 % и Ноќевања за 3. 7 %. са/ .
Извор: МИА