Во чест на 12-те Ваташки младинци, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе се поставени во спомен соба

Во чест на 12-те Ваташки младинци, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16-ти јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од смртта на нашите дванаесет младинци-информираат од Општина Кавадарци.

По тој повод на 16-ти јуни на местото на кое свирепо се стрелани дванаесетте млади животи, ќе има пригодна културна програма за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност, а сите детали околу настанот ќе бидат дополнително соопштени.

Изградбата на Спомен куќата и бистите во чест на 12-те Ваташки деца кои беа крвнички убиени на 16-ти јуни 1943 година во близина на Моклиште беше најавена минатата година.

Спомен костурницата на стреланите 12-те младинци од Ваташа, беше откриена на 11-ти октомври 1961 година. На јужниот ѕид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. Ја изработи познатиот прилепски вајар Јордан Грабулоски –Грабул.

Во 2007 година дрски крадци започнаа да крадат парче по парче од рељефот на споменикот, како и буквите од имињата на жртвите, за да на крај успеат да однесат околу 50 килограми бакар.

 

фокус.мк