Пецаков: Започна втората фаза од изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец

Започна втората фаза од изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец. Изведувач на работните активности е ДООЕЛ „Маркоски“ , а вредноста на вкупниот проект е 1 300 000 денари средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
По завршувањето на сите активности значајно ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на жителите кои имаа сериозни проблеми со тоа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков