Претседателот Стево Панедаровски смета дека барањето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство и да важат откако Македонија ќе стане членка на ЕУ е надвор од реалноста
„Ако ги гледате изјавите по таа лидерска средба и едните и другите се во право. Во право е премиерот кога вели дека има промена на ставот кај лидерот на опозициската партија, кој претходно велеше дека не сака да гласа за Бугарите во уставот и дека не може да правиме уставни измени под бугарски диктат. Тој тврдеше дека овој состав на парламентот нема мандат од граѓаните за воопшто да влезе во процесот на уставни промени. Тоа е неспорно. Од Друга страна е во право опозицијата кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на лидерската средба. Особено барањето за одложено дејство на уставните проемни, или тие да важат отако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Тоа според мене е апсолутно надвор од реалноста, иако јас би сакал да биде така“, изјави Пендаровски.
фото: Архива