Синот од Ребека славше полуматура со другарчињата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“

И дечињата од Основното училиште со ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“ прославија полуматура. Танцување, песни, дружби, насмевки, се само дел од атмосферата која ја пренесе првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, споделувајќи фотографии од нивната полуматурска вечер.Меѓу дечињата е и првородениот син на пејачката Ребека која е и претседателка на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, Маркијан.А Орце за прославата напиша:„Вечерва, заедно со мојата сопруга и дел од мојот тим присуствувавме на најубавата забава, која ја организиравме по повод завршувањето на учебната 2022/23 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.

 

 

 

 

Овие дечиња, моите верни пријателчиња сакаат љубов и внимание и да знаат дека не се сами.

 

Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник“

 

 

фото ФБ