(ФОТО) Скандал ја тресе Албанија – градоначалникот на Кукс снимен во „врела“ сцена со вработена во општината

Голем сексуален скандал ја тресе Албанија откако на социјалните ммреживчера почна да кружи скандалозно видео каде градоначалникот на најсеверната општина Кукс, Сафет Ѓичи, е снимен како има секс во неговиот кабинет со вработена во општината, пренесува Инбокс7.

Ѓичи е реизбран на изборите на 14 мај, додека видеото е со датум 06.06.2023 година, излегува дека е снимена само неколку дена по добивањето на вториот мандат.

Видеото дистрибуирано на социјалните мрежи наиде на бројни реакции на мрежата, притоа ставајќи го градоначалникот во позиција на тежок законски прекршок.

Социјалистичката партијата на премиерот Еди Рама одма го разреши, додека Ѓичи јавно се извини и кажа дека е наместен за да биде рекетиран. Ѓичи е познат бизнисмен кој од последните избори премина во редовите на Социјалистите, додека порано беше дел од ПД на Сали Бериша.

Ова не е прв скандал со градоначалник во Албанија. Поранешниот градоначалник на Дебар, Шукри Џелили, е осуден на 2 години и 8 месеци затвор откако беше фатен во сексуален скандал каде бараше сексуални услуги за вработување.

извор: inbox7.mk