На 18 јануари 1862 година, во Цариград
ЗГАСНА ЖИВОТОТ НА КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ
Големиот Македонски поет и преродбеник, Константин Миладинов од Струга, на денешен ден, во 1862 година, почина во полициска болница во Цариград.
Дојде да го види братот Димитар Миладинов, кој, Османлиите, во Струга го уапсија, без никаков судски налог.
Но, и него го затворија во истиот затвор.
Имаше 32 години.
Неговиот поетски опус, не е, голем, но, бележит и значаен.
Тој е основоположник на модерната Македонска поезија.
Неговата антологиска песна, Т’ГА ЗА ЈУГ, преведена на 98 светски јазици, го отсликува неговото време, на студии во Москва.
Со оваа песна, се означува, почетокот на светската поетска манифестација, СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА.
ФАКЕЛОТ пред Домот на Културата во Струга, е запален.
Го шири и пренесува, Слободарскиот дух-во ВЕЧНИНИ.
Константин Миладинов заедно со неговиот, 20 години постар брат, Димитар Миладинов, беше собирач на македонски песни.
Нивното епохално ДЕЛО-ЗБОРНИК, е Светилник за сегашните и идните генерации.
Предговорот на ова знаменито дело, го напиша Константин Миладинов.
ВЕЧНА СЛАВА, НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ.
ПОЧИВАЈ ВО МИР, ДРАГ НАШ, ГОЛЕМ СТРУЖАНЕЦ.
НИКОГАШ НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ.
Фб Спомнете ја Струга барем на карта за временска прогноза