Вчера во 2:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00:58 часот во тешка здравствена состојба било донесено 4 годишно дете од Струмица, извести МВР.
Детето било пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато, додаваат од МВР.
За настанот бил известен инспектор по малолетничка деликвенција, од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит пазар и по целосно расчистување на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Idol.mk