По 12 години, македонската женска ракометна репрезентација успеа да се пласира на Европско првенство преку квалификации.
На приемот кај претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, беше објавено дека за пласманот на континенталниот собир, кој ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија во периодот 28 ноември до 15 декември 2024 година, женската национална селекција ќе добие награда во износ од два милиони денари.
Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски”, а влезот во салата е слободен.
slobodnaevropa.mk