VII Планинарска тура – Смилево, родното место на Даме Груев, местото на одржување на Смилевскиот конгрес

Денес Претседателот на Левица Димитар Апасиев заедно со претставниците од Левица на ЛО Демир Хисар, ЛО Битола беа на планинарска тура во с. Смилево, местото каде е одржан СМИЛЕВСКИОТ конгрес и родното место на Даме Груев.
➡️
Посетен беше Меморијалниот музеј во Смилево каде се опфатени спомен собите на Смилевскиот Конгрес, револуционерната дејност на Даме Груев како и преку 35 фотографии и фрагменти од дисциплинскиот востанички устав , оружје и документи за Илинденското востание.
➡️ Беше посетен и меморијалниот парк на Даме Груев и делегацијата предводена од Претседателот Апасиев положија цвеќе на споменикот на Даме Груев, Спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевски Илинденци.
Левица