„Според Стејт департментот, Мерко учествувал во значителна корупција, присвојувајќи средства на нелегален начин и мешање во судски и други јавни постапки. Како резултат на тоа, нему и на неговото потесно семејство им е забранет влез во САД.

Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на претседателството. Обвинителството за корупција треба да отворат случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата“, соопшти Алијаза за Албанците.

mkd.mk