Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со преставниците на Централна кооперативна банка, утрово реализираа акција за засадување на високо школувани дрвја во мултифункционалниот парк во Маџари – Триангла.
Во акцијата засадени се црвени сливи, магнолија, јапонски цреши и врби.
Оваа акција е реализирана во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина.
-Животната средина останува на врвот на моите приоритети, напиша Стефковкси на социјалните мрежи.
извор: ФБ Бобан Стефковски