Екипажот во „Титан“ е мртов – телата на петмината нема да се извлечат никогаш

0
1443

Сите пет патници на подморница Титан се мртви, соопшти американската крајбрежна стража. Заклучокот доаѓа откако во текот на денот пловилото управувано со далечински управувач пронајде пет делови од подморницата, на приближно 480 метри длабочина во Атлантскиот Океан. Откриените делови, меѓу кои и конусот од опашката, им потврдија на експертите да заклучат дека потекнуваат од подморницата Титан, и само ги потврдија сомнежите дека се случила катастрофална имплозија. Не е јасно што би можело да ја предизвика. Но, претпоставката на експертите е дека најверојатно се случил дефект во главното куќиште, по што подморницата била подложна на силен притисок, еднаков на тежината на Ајфеловата Кула, притискајќи го садот со тежина од десетици илјади тони, објави Телма.

Телата на петмината загинати никогаш нема да се извлечат, затоа што тоа би било неверојатен ризик, поради суровите подводни услови кои не простуваат, соопштија од крајбрежната стража.

Подморницата Титан на компанијата „Оушн Гејт“ ја загуби врската со матичниот брод во неделата, речиси два часа откако го почна осумчасовното спуштање кон морското дно на Атлантскиот Океан, во обид да стигне до трупот на потонатиот брод Титаник, кој лежи на длабочина од 3.800-тини метри.

Титан на компанијата Оушен Гејт беше единствената приватна подморница која може да се спушти толку длабоко. Новооткриените наводи, сугерираат дека имало значајни предупредувања за безбедноста на пловилото.

Текстот во целост на: Телма.