Големото невреме кое во моментов е над Словенија стигна и до Хрватска. Како што пренесува „index“, во попладневните и вечерните часови се очекува да го зафати северниот дел од земјата, а некои градови веќе се соочуваат со силно невреме.
Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) и Управата за цивилна заштита денеска предупредија на грмежи кои се очекуваат попладне во Загреб и Осиек, поради што е активирано црвеното предупредување на Метеоалармот.
Силен дожд и ветер го зафатија Меѓумурје, а во Штруцљево кај Жабок ветерот собори дрво на патот, објавено е на Фејсбук страницата на Полициските постојки – Крапинска Загорска жупанија.
Силен град падна во Вараждин, при што беа искршени стаклата на автомобилите.
Од невремето беше зафатен и Чаковец.
Во Загорје об Сава, град во централна Словенија, падна град со големина на тениско топче.