Големо невреме со пороен дожд, грмотевици и ветер ги зафати Охрид, Струга и Дебарца нешто пред 12 часот.
УХМР претходно предупреди дека се очекува нестабилно време со пороен дожд за кратко време, грмотевици, силен ветер и изолирана појава на град.
Засега нема информации за предизвикани штети.