Затворот „Идризово“ должи милион евра

Заборавени од институциите, минимум чувари, долг што расте. Со сето ова се соочува, од неодамна првиот човек на затворот Идризово, Зоран Јовановски, чија институција повторно влезе во фокусот на јавноста со прогласената кризна состојба, објави slobodnaevropa.mk.

РСЕ: Господине Јовановски, во моментов тука трае кризна состојба. Која е причината и зошто е прогласена и има ли опасност по безбедноста?

 Јовановски: Да, кризната состојба е прогласена на 6 Јуни по барање на установата и една од најголемите проблеми зошто е побарана е бројот на затворските полицајци односно бројот на извршители на затворот Идризово.

РСЕ: Каква е состојбата во моментов со бројот на затворски чувари?

Јовановски:  По стандардите кои се пропишани и бројот на монталната бројки затворска полиција и бројот на затвореници и објекти кои се обезбедуваат беше паднат под минимум за спроведување на нормално работење.

РСЕ: Тоа значи дека не е безбеден затворот со толкав број вработени?

Јовановски: Па, да. Значи ние паднавме на минимално обезбедување што значи дека е безбеден, но со прогласување на кризна состојба на помош дојде дел полиција и дел војска односно зазедоа периферни позиции и ни се ослободија поголем број затворски полицајци кои ги вклучивме во нормалното работење во самите затвори.

РСЕ: Во моментов имате оглас за нови вработувања. Колкумина се бараат и кога би можел да заврши бидејќи кризната состојба е до 5 јули и дали до тогаш би можело да се обезбеди нормално функционирање на затворот?

Јовановски: Да, меѓутоа, оној конкурс што беше распишан пред јас да дојдам и веќе се прави селекција на пријавените кандидати кај и да ќе добиеме конечна листа на затворски полицајци. Владата со добра волја за подобра работа на затворот ни дозволи конкурс за нови 100 вработувања и кога ќе заврши тој конкурс ќе има нормално работење на затворот.

РСЕ: Вие сте кус период тука. Каква е оценката општо за ситуацијата тука?

Јовановски:  Па можам да кажам дека за овие три месеци што сум тука не само државата, институциите заборавиле дека постои затворот. Од екипирање со луѓе, со опрема со одржување на тоа што е постоечк.

РСЕ: Се уште се спие по ходници?

Јовановски:  Тоа го надминавме.

РСЕ: Колкави се долговите. Како ќе се надминат тие и кон кого се најголемите долго зошто се толкави ?

Јовановски:  Моето согледување е дека тие долго што се н се направени во некоординирано институционално координирање. Ние имаме најголеми долгови кон Министерство за здравство, МВР и струја, вода.

РСЕ: Колкав е долгот на затворот?

Јовановски: На дневно се менува и се зголемува. Па преку милион евра.

РСЕ: Доаѓате на ова место од позиција пензиониран припадник на МВР, но бевте и поротник во случајот за пресудата за 27 април за инцидентите во Собрание. Се согласувавте со таквата пресуда?

Јовановски: Тоа би можел во некоја друга емисија да одговориме

РСЕ: Имате тука затвореници од тој случај?

Јовановски:  Има еден.Имаше двајца но едниот е ослободен

РСЕ: Имате некаков посебен однос со нив?

Јовановски: Не, исто е немаат повластици.