Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има време да се објави дека учениците и во градинките од понеделник ќе одат на настава или ќе речеме немавме никакво решение или Советот не може да ја смени одлуката затоа што членството не ја прифаќа понудата и ќе мора да продолжиме со штрајк.
Тој апелира што побрзо да се дојде до решение за што побрзо да се надмине оваа ситуација и да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.
Неделков во дневникот на Сител изјави дека на денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири разговарале за зголемување на платите, но не и за процентите за зголемување. Шаќири информирал дека се прават напори да се префрлат средства од Владата односно од разни министерства, но немал точни сознанија и колку, како и кога.